(ВИДЕО) ИВАНОВ: Изминатава година бевме соочени со многу предизвици и премрежија
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во своето традиционално, новогодишно обраќање до македонскиот народ рече дека изминатава година бевме соочени со многу предизвици и премрежија.
Политичката атмосфера, вели Иванов непријатно се одрази на целото општество и на секој од нас посебно.
„Искрено се надевам дека во годината што доаѓа ќе се посветиме на убавите и позитивни нешта. Се надевам дека ќе смогнеме сила за да ги надминеме поделбите, да ги отфрлиме предрасудите, да се сплотиме околу државните интереси и да зачекориме на вистинскиот пат. Пат што води до поквалитетен живот, просперитет, благосостојба за сите наши граѓани. Да живееме во праведно општество втемелено врз вистината, слободата и мирот. Затоа, ви посакувам новата година да ја започнеме со позитивни мисли, и силна верба и надеж дека можеме да ги исполниме нашите искрени желби“ - вели Иванов.
Повика граѓаните во 2018 година да дадат свој придонес за поубаво општество.