(ВИДЕО) Иван си замина од болницата во Солун, тврди дека не 18, туку 20 часа бил во вода
Македонскиот државјанин Иван кого го спасија од морето на Халкидики, си замина од болницата Папаниколау во Солун, јавува грчки Protothema.
Тој вели дека не бил во вода 18 часа туку повеќе од 20 часа, додека на новинарите им порача дека во следните денови ќе ги повика на разговор.
Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејство. Тој е лекуван поради тешка дехидрација.
„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување. Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа“, им рече 30-годишниот Иван на новинарите.
фото принтскрин
Слично
