Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Иван раскажа каков хорор доживеал додека 20 часа чекаше во морето да го најдат спасувачите

(ВИДЕО) Иван раскажа каков хорор доживеал додека 20 часа чекаше во морето да го најдат спасувачите

Триесет годишниот Иван од Скопје кого по повеќе од 20 часа на отворено море во Грција службите го спасија, за грчки медиум ја раскажа својата приказна и како успеал да издржи толку долго во вода. 

Ова момче вели дека било разочарано и мислело дека нема да го пронајдат, откако него и неговите двајца другари ги повлече водена струја. 

Тој исчезна на својот роденден на плажата Мити на Халкидики, а по повеќе од 20 часа грчките спасувачки служби го најдоа. 

Иван за телевизијта СКАИ изјави дека во еден момент помислил дека воопшто нема да го најдат. 

„Вториот ден кога видов дека сите бараат по околните места и тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат. Беше разочарувачки. Поминаа 20 скоро 21 час. Тоа беше најлошиот роденденски подарок, во смисла на хоророт низ кој поминав“, додава тој.

Едниот од неговите другари се спаси, а грчките спасувачи ја завршија потрагата по Мартин Јовановски без резултат. 

 

Слично

Поврзани вести