Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Искршен студентскиот дом „Стив Наумов“ на новогодишна прослава

(ВИДЕО) Искршен студентскиот дом „Стив Наумов“ на новогодишна прослава

Објавено видео со расфрлано стакло, искршени хидранти и керамичка санитарија, по синоќешното славење во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, осамна на социјалните мрежи.

На истото може да се забележи хаосот кој го направиле студентите кои славеле, а засега станува збор за непознати лица.

„Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив во актот чинителите, но имаше звуци од лупање на хидрантот, кршење на керамичка санитарија, која всушност е новопоставена. И да нагласам, ова сѐ е дело на академски луѓе, кои подоцна треба да се двигатели на нашето општество.


Наместо мек снег на првото утро од 2023 да ми крцка под нозе, јас добив крцкање од срчи“, гласи во текстот на видеото.



Слично

Поврзани вести