Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Лице нападна полицаец, го фати за врат

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Лице нападна полицаец, го фати за врат

На социјалните мрежи се појави видео на кое неколку полицајци додека апселе луѓе пред пекарата „Силбо“ на булевар „Партизански одреди“ прво се вербално,  а потоа и  физички нападнати.

„Ајде бе удри ме, ајде“, вели едно од лицата,  а лицето кое снима дофрла: „Остај нека те удри. Ако бе, ќе оди во дисциплинска“.

Потоа лицето го фаќа полицаецот за врат, при што се вклучуваат и останатите присутни. Лицата на крајот се уапсени, но продолжуваат да даваат отпор и да навредуваат. .

Неодмана имаше инцидент во Битола, каде прво се појави видео на кое се гледаше како полицаец тепа лице од ромска националност, а потоа се појави и видео кое му претходело на настанот и од кое се гледаше дека лицата први ги нападнале полицајците. Полицискиот синдикат побара суспендираните полицајци во Битола да се вратат на работа. 


Слично

Поврзани вести