Повеќе детали за инцидентот се очекуваат од надлежните служби.
ВИДЕО: Макфакс
Како што соопштивме Кривичниот суд во Скопје денеска осуди 33 припадници на таканаречената Кумановска група на вкупно 755 години затвор поради тероризам.
Пресудите беа прочитани пред адвокати, роднини и новинари, бидејќи обвинетите беа изнесени надвор од судница бидејќи извикуваа „УЧК“ и пееја албанска химна.
Пред судот пак, додека траеше изрекувањето на пресудата на еден од најдолгите процеси во земјава, се случи инцидент.
Маж им се приближи на полицајците при што им се обрати, настана турканица. Му беше одземен ранецот кој го имаше на себе, и е однесен во станица.
Меѓу новинарите и снимателите кои се затекнаа пред судот, велат дека маќот имал експлозив на себе.
Повеќе детали за инцидентот се очекуваат од надлежните служби.
ВИДЕО: Макфакс