(ВИДЕО) Имало пукање од огнено оружје, но нема повредени: Детали за грабежот во НЛБ банка
Без повредени лица завршил денешниот грабеж во експозитура на НЛБ банка во Чаир. Ова станува јасно од официјалните информации на банката од каде соопштуваат утринава се случил вооружен напад.
Дел од медиумите неофицијално, објавија дека е пронајдено возилото со кое избегале разбојниците при нападот но истото е најдено запалено и оставено во Бутел.
Коха пренесе дека се работи за автомобили Голф 5 а неофицијалните информации велат дека напаѓачите го запалиле и избегале со друго возило.
Во официјалното соопштение од банката велат дека клиентите кои се затекнале таму за време на инцидентот се во добра состојба, а исто така и вработените.
Повреден е само 26 годишниот обезбедувач на филијалата, а сумата која ја украле не е позната.
