Видео: Им украдоа велосипед пред нос во Дебар маало
Во Дебар маало дрзок крадец пред „нос“ украде велосипед кој не беше врзан и обезбеден, а инцидентот е снимен од безбедносните камери. Велосипедот припаѓа на еден од гостите во кафе барот, но додека да реагираше веќе беше доцна бидејќи крадецот брзо побегна со украдениот велосипед.
Можеби токму преку оваа видео снимка полицијата ќе успее да го идентификува крадецот, а видеото веќе се шири по социјалните мрежи.
Слично
