(ВИДЕО) И Град Скопје почна да урива дивоградби: „Повеќе нема компромис“, вели Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави засилена акција за отстранување на бесправно изградените објекти низ градот. Тој порача дека јавните простори мора да им припаѓаат на граѓаните, а не на поединци кои со години узурпираат тротоари, пешачки патеки и заеднички површини.
„Повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на нашите сограѓани“, напиша Ѓорѓиевски.
Тој упати апел до граѓаните активно да пријавуваат дивоградби и објекти што го окупираат јавниот простор, со цел заеднички да се изгради град „во кој владее ред, достоинство и еднаква пристапност за сите“.
Слично
