Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО И ФОТО) Попови се возат и со песни и темјан го бркаат коронавирусот

(ВИДЕО И ФОТО) Попови се возат и со песни и темјан го бркаат коронавирусот

Напомош во битката против коронавирусот се вклучија и свештени лица. 

За тоа говорат и неколку фотографии, како и видео споделени на Твитер од Велес и од Кавадарци.

На Твитер се шират видеа и фотографии од Велес, но и од Кавадарци, на кои се гледа како неколку попа од Македонската православна црква, едните качени на камион, другите на пикап, се возат низ Велес и Кавадарци, пеат песни и чадат со темјан.


На камионот во Велес можат да се забележат повеќе закачени знамиња, меѓу кои државното знаме, знамето од Вергина, а на него се наоѓаат и црковни знамиња. 

Нивната цел е најверојатно да му помогнат на градот полесно да помине преку овој голем проблем.

Коронавирусот го исплаши светот, а и граѓаните во земјава, па секој од својот домен се обидува да помогне како полесно земјава да се избори со ова зло.

Слично

Поврзани вести