Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО И ФОТО: Хероин, хашиш, марихуана и куршуми пронајдени по претреси во Арачиново

ВИДЕО И ФОТО: Хероин, хашиш, марихуана и куршуми пронајдени по претреси во Арачиново

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера на 09.02.2020 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција го лишила од слобода Љ.А.(31) од скопското село Арачиново, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

-По претходно добиени оперативни сознанија, во текот на вчерашниот ден бил извршен претрес на две локации во с.Арачиново, при што од Љ.А. се пронајдени и одземени 2 полиетиленски ќеси со околу 1,5 килограми хероин, 1 полиетиленска ќеса хашиш, 4 полиетиленски пакувања марихуана, 8 куршуми, една рачна преса за пресување на опојна дрога, една хидраулична дигалка. Љ.А. e приведен во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, по член 215 и по член 396 од Кривичниот законик.



Слично

Поврзани вести