(ВИДЕО И ФОТО) ЦРВЕН ТЕПИХ И НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ И ВОЕНИ ПОЧЕСТИ - шефот на државата во дводневна посета на Грција
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска пред Претседателската палата во Атина, на официјална церемонија со државни и воени почести, беше пречекан од претседателката на Хеленската Република, Катерина Сакеларопулу, со што започна неговата дводневна официјална посета на Хеленската Република, соопштија од Кабинетот на шефот на државата.

Претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателката Сакеларопулу. Претходно, претседателот Пендаровски положи венец пред Споменикот на незнајниот војник на платото пред Парламентот на Хеленската Република.

Слично
