(ВИДЕО) И Борут Похор се сними за Македонија
Во пресрет на референдумот на 30 септември, претседателот на Словенија, Борут Пахор, преку видео-обраќање вели дека навива за Македонија да прифати европска иднина на референдумот на 30 септември.
"Верувам дека ќе сакате да донесете одлука со која Македонија ќе биде отворена за иднината. Ние навиваме за вас, се надеваме на најдоброто. Честитки за Македонија ", рече Пахор.
Денес за поддршка за референдумот видео-снимка објави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а вчера претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Слично
