Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) И АРМИЈАТА СЕ ВКЛУЧИ - нејзина механизација го расчистува теренот околу Инфективна

(ВИДЕО) И АРМИЈАТА СЕ ВКЛУЧИ - нејзина механизација го расчистува теренот околу Инфективна

Од утрово и Армијата се вклучи во расчистување на теренот околу Инфективната клиника, со цел да се изгради нов влез за подобар пристап до оваа клиника. 

Ова е неопходно, со цел да биде на готовс овој назначаен здравствен капацитет, доколку дојде до поголем број заразени од коронавирусот во земјава.

Расчистувањето на теренот стартуваше уште во текот на викендот, а механизација активно работеше на рушење на студентскиот дом Медицинар. Тогаш во помошта се вклучи и Градот Скопје.

„Браво!!! Доаѓа и Армијата да помогне со нејзината механизација!!!“, напиша Дамјан Христов на неговиот фејсбук профил, споредувајчи видео и фотографии. 

Погледнете го видеото и фотографиите на Христов.


Слично

Поврзани вести