Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Хорот во Куманово наместо „клетите фашисти“, пееше „душманите клети“

(ВИДЕО) Хорот во Куманово наместо „клетите фашисти“, пееше „душманите клети“

Вчера во Куманово на централната прослава на празникот 11 Октомври - Денот на македонското народноослободително востание, хорот стихот во кој се споменуваат „клетите фашисти“ го замени со„душманите клети“.

Пред Спомен костурницата, хорот освен македонската химна, изведе и неколку песни од периодот на Народно ослободителната борба на македонскиот народ. Хорот ја испеја и песната „А бре, Македонче“, химна на партизанското движење во Македонија, која потекнува од периодот на НОБ за време на Втората светска војна. Песната е напишана од Крсте Црвенковски и Коле Чашуле, а Ордан Михајлоски – Оцка ја компонираше.

Наместо „Нека разберат клетите фашисти, македонско име нема да загине!“, стихот беше испеан со нова верзија која гласеше „нека разберат, душманите клети, македонско име, нема да загине“.


Слично

Поврзани вести