Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Група млади луѓе на протестот на „Тврдокорните“ го запали европското знаме

(ВИДЕО) Група млади луѓе на протестот на „Тврдокорните“ го запали европското знаме

Знамето на Европската унија е запалено денеска во Скопје на протестот на националистичките патриотски здруженија против промената на името и донесувањето на закони со кои се проширува употребата на албански јазик во Македонија.

Протестот кој е одржан пред Собранието во организација на патриотското здружение „Тврдокорни“ и МОС, според ралични проценки собрал од 500 до 1500 луѓе.

Медиумите известуваат дека околу 500 луѓе ја потпишале петицијата против новиот Закон за употреба на јазици со кој се проширува употребата на албанскиот јазик во институции на територијата на цела држава и против името на Македонија во рамки на повеќе деценискиот спор во Грција.

Знамето на ЕУ го запалила група млади луѓе во моментот кога претседателот на МОС Љубиша Нестовски од импровизираната бина во паркот карши Собрание го завршуваше протестот.

Нестовски тие млади ги нарече херои, а многу од демонстрантите направија селфи покрај остатокот од изгореното европско знаме.

Организаторите на протестот порачаа дека со двојазичноста односно изедначување на албанскиот со македонскиот јазик, се губи македонскиот карактер на државата и самата држава, која, според нив „де факто станува трета албанска држава на Балканот“.


Слично

Поврзани вести