Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Груби не им одговори на новинарите зошто се вратил и дали се чувствува виновен

(ВИДЕО) Груби не им одговори на новинарите зошто се вратил и дали се чувствува виновен

По речиси шестчасовен распит, поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Артан Груби вечерва од Основното јавно обвинителство Скопје е спроведен во Основниот кривичен Скопје.

Toj не одговори на прашањата на новинарите зошто се вратил и дали се чувствува виновен. 

Од Јавното обвинителство засега нема официјална информација за распитот, како и за тоа дали евентуално ќе се бара потврда на 30-дневниот притвор што на Груби му беше одреден во отсуство или пак е можно да му биде одредена друга мерка за обезбедување присуство.

Груби утрово се појави на косовско-македонската граница на граничнот премин Блаце, по што полицијата го уапси. 

Груби е осомничен во случајот со проневери во „Државна лотарија“. Тој ја напушти земјава пред Обвинителството официјално да отвори истрага, а успеа да излезе од земјава и да влезе во Косово и покрај тоа што беше на т.н. „стоп-листа“. Груби тврдеше дека не избегал, туку дека бил во приватна посета на Косово, наведувајќи дека штом ги заврши обврските, ќе се врати. Македонската полиција тогаш распиша меѓународна потерница по Груби.

фото принтскрин МИА


Слично

Поврзани вести