(ВИДЕО) Грета Тунберг е во Скопје: Ќе се приклучам на блокадата на реката Дошница
Познатата шведска активистка Грета Тунберг пристигна во Македонија, при што го посети Социјално-културниот центар во Тетово и најави дека ќе се приклучи на блокадата против изградбата на мала хидроцентрала на реката Дошница на Кожуф.
„Јас сум во Скопје, каде што македонскиот парламент вчера одби да изгласа испраќање хуманитарна помош во Газа. Мора да покажеме солидарност и да возвратиме. Ќе се приклучам на дискусија во социјалниот центар ‘Дуња’ и на блокадата на реката Дошница“, кажа Тунберг во видео објавено на Фејсбук.
Еко-активистите од целата држава веќе еден месец го блокираат патот кон скијачкиот центар на Кожуф и не дозволуваат да започне изградбата на мала хидроцентрала на реката Дошница.
Taa вчера го посети Тетово. Претходно беше во Тирана во Албанија.
Слично
