(ВИДЕО) Граѓаните на Тетово се упатија кон седиштето на ДУИ, па се степаа со полицијата
Граѓаните на Тетово денеска протестираа поради пожарот во модуларната болница и се упатија во седиштето на ДУИ во Мала Речица, при што се степаа со полицијата која го обезбедуваше објектот. Претходно со јајца ја гаѓаа зградата на Општина Тетово. Граѓаните бараат одговорните за немилиот настан да бидат изведени пред лицето на правдата. Во страшниот пожар кој се случи вечерта на 8. септември во модуларната болница во Тетово изгореа 14 луѓе.
ТВ24 успеа да направи снимка од немирите.
Слично
