Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Градоначалникот на Кичево објави снимка од дрон од поплавените места

(ВИДЕО) Градоначалникот на Кичево објави снимка од дрон од поплавените места

Градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јовановски, информира дека состојбата со поплавите се следи под будно око, а сите релевантни субјекти и општествено одговорни фирми се активни и на терен.

Доставувањето на храна се одвива непречено и исклучиво преку Општина Кичево, во координација со Црвениот Крст – Кичево.

Јовановски апелира на смиреност, солидарност и одговорност, истакнувајќи дека во овој момент најважно е здравјето на луѓето. Тој најавува дека веднаш штом се создадат услови, ќе се преземат конкретни мерки за ваквите појави да бидат сведени на минимум.

Излевања има и во ресенско, демирхисарско, крушевско. 

фото принтскрин

Видеото можете да го видите тука.

Слично

Поврзани вести