(ВИДЕО) Градоначалникот Касами со вработените од комуналното претпријатије чистеше снег
Тетовскиот градоначалник Билал Касами кршеше и чистеше мраз на тротоарите во градот.
Тој заедно со локалните комунални екипи се вклучи во расчитување на тротоарите од мраз.
„Додека многумина на овие ниски температури се наоѓаат во своите домови, хероите на градот се грижат за јавните простори. Вечерва заеднички ги исчистивме тротоарите од снег и мраз. Безбедноста и слободното движење на граѓаните е наша должност“, напиша Касами на Фејсбук.
Македонија деновиве ја зафатија ниски температури кои се спуштија и до -16 степени, а имаше и снежни врнежи.
фото Фејсбук
Слично
