(ВИДЕО) Гори Универзална сала
Во моментов гори Универзална сала во центарот на Скопје, а противпожарните возила веќе се пристигнати на местото на настанот. Во моментов се се креваат автомобилите со пајак службите за да се спасат. Местото е полно со полиција. Од пожарот, останата е само металната конструкција, а новата купола е падната.
Инаку изминатиот период продолжи реконструкцијата на надворешниот дел од овој репрезентативен објект, откако Владата ги презеде ингеренциите од Град Скопје.
Понатаму беше предвидена и втората фаза за обновување на внатрешниот дел. Министерката за култура Бисета Костадиновска Стојческа рече дека Универзална сала треба да биде комплетно модернизирана до 2026.
„На Единствениот број за итни случаи112 во ЦУК е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје. Гори една од куполите на објектот. ТППЕ Град Скопје се на лице место“, известуваат од Центарот за управување со кризи.



