(ВИДЕО) ГОРИ И ВО ДОЈРАН: Градоначалникот бара помош
Пожар изби и во Дојран.
На стотина метри од производните хали на фабриката „Дојран Стил“ во селото Николиќ има пожар.
Вознемирени жители на социјалните мрежи објавија дека во критичниот момент „авион нема, хеликоптер нема, а ветерот засилува“. Градоначалникот Анго Ангов објави видео и бара помош.
„Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ!“, напиша Ангов.
Во Крива Паланка загина едно лице.
Слично
