Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Гореше автобус на ЈСП во Автокоманда, немало патници кога избувнал пожарот

(ВИДЕО) Гореше автобус на ЈСП во Автокоманда, немало патници кога избувнал пожарот

Видеа се споделуваат на социјалните мрежи од големиот пожар кој денеска изби во автобус на ЈСП во Автокоманда.

Од јавното превозно претпријатие велат дека немало патници во автобусот кој попладнето се запали во близина на гаражите. Причинета е поголема материјална штета и дека причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат откако ќе заврши увидот. 


- Во моментот на запалување на возилото, во него немало патници со оглед на тоа дека возилото се повлекувало во гаража Автокоманда, по завршување на смена. Благодарение на присебноста на возачот, неговата брза интервенција и интервенцијата на екипите на Противпожарна бригада на Град Скопје, опожарувањето на возилото било ставено под контрола, односно спречена е поголема материјална штета. Возилото е осигурано и очекуваме за кратко време да биде оспособено за користење, велат од ЈСП за МИА.

Во гаснењето на пожарот учествувале петмина пожарникари од ТППЕ на Град Скопје со едно возило.

Слично

Поврзани вести