Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОРЕШЕ АВТОБУС НА ЈСП: Нема повредени

(ВИДЕО) ГОРЕШЕ АВТОБУС НА ЈСП: Нема повредени

Во општина Ѓорче Петров се запали градски автобус со број 5.

На фотографиите кои се споделуваат од граѓани и медиумите се гледа дека горел горнот дел од автобусот.

Од Јавното Сообраќајно претпријатие информираат дека нема повредени патници, и дека на лице место е внтарешната контрола и се утврдуваат причините а немилиот настан.

Благодарение на брзата интервенција на противпожарните екипи, пожарот е брзо изгаснат.

Од ЈСП информираат и дека возачот на автобусот кога забележал чад од горниот кат на автобусот пробал да интервенира сам  со ПП апарат, но бидејќи не успеал во тоа, веднаш се јавил на противпожарната бригада, кои веднаш интервенирале и успеале да го изгаснат пожарот.

На терен е и екипа од Министерството за внатрешни работи.


Видео Re Info

Фото Опсевер

Слично

Поврзани вести