Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Голем гаф на Раша Тудеј - Наместо Заев го видоа Иванов покрај Меркел

(ВИДЕО) Голем гаф на Раша Тудеј - Наместо Заев го видоа Иванов покрај Меркел

Во известувањето за вчерашната средба на премиерот на Македонија, Зоран Заев, со германската канцеларка, Ангела Меркел, руската новинска мрежа „Раша тудеј“ направи голем гаф. Тие наместо Заев го видоа Иванов покрај Меркел. Според вестите на германски, Меркел се сретнала со претседателот на Македонија.


Во текот на вестите подоцна грешката беше корегирана, но и неколку часа по завршувањето на прес -конференцијата, во насловот на видеото се уште стоеше дека Меркел се сретнала со Иванов.


Во рамките на официјалната посета на СР Германија, премиерот Зоран Заев и канцеларката Ангела Меркел одржаа заедничка конференција за медиумите и ги презентираа најважните поенти од нивната средба.

Слично

Поврзани вести