Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР СЕ ШИРИ КАЈ СТРУМИЦА: Глетката е страшна

(ВИДЕО) ГОЛЕМ  ПОЖАР СЕ ШИРИ КАЈ СТРУМИЦА: Глетката е страшна

Пожар се шири кај Струмица. 

Голем пожар вечерва избувна во Струмица покрај градските гробишта, јавија локалните медиуми. Огнот се движи кон Баница.  Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов соопшти дека сите капацитети на ТППЕ Струмица се на терен.

„Овие луѓе до последна капка крв и пот даваат се од себе, да одговорат на над 10 свесно запалени земјоделски површини во еден ден. Во денови на жалост, жалиме сите и пожарникарите и инспекторите и сите ние како граѓани, зарем е ова човечки, што уште треба да дадат овие наши пожарникари и инспектори?“, реагираше Костадинов.

Костадинов апелира инспекторатот за земјоделство да соработува и да излезе веднаш на терен.


Слично

Поврзани вести