Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Годинава за прв пат коњаница од Струмица тргна за Илинден

(ВИДЕО) Годинава за прв пат коњаница од Струмица тргна за Илинден

Струмичкиот регион за прв пат испрати своја коњаница годинава за националниот празник Илинден. Петмина јавачи од селото Радово ќе бидат дел од традиционалниот коњички марш кој се организира во чест на Денот на Републиката. 

Ова е за прв пат јавачи од овој регион организирано да бидат дел  од Илинденскиот  марш. За да го поминат паток долг околу 200 километри и да стасаат до Крушево на коњаниците од Радово ќе им требаат неколку дена. За ова  се подготвувале интензивно уште од месец април.

Дел од петорката јавачи ќе биде и осумгодишниот Матеј Сирачев кој е  еден од најмладите учесници на овој коњички  марш. Коњицата се упати кон Бигорски Манастир каде треба да се спојат со Бигорската коњаница.


Слично

Поврзани вести