Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА АРМ ВЛЕГОА ВО ЗГРАДАТА ВО Скопјанка: Станарите уште во неизвесност

(ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА АРМ ВЛЕГОА ВО ЗГРАДАТА ВО Скопјанка: Станарите уште во неизвесност

Повеќе од три и пол часа станарите на зградата кај „Мезе бар“ односно во Скопјанка на булеварот ,,Кузман Јосифовски – Питу‘‘ во општината Аеродром се надвор од своите домови.

Засега е неизвесно до кога тие ќе останат надвор а причините кои доведоа до нивна евакуација од специјалните единици на МВР и на противпожарната служба на Град Скопје не се познати. 


Пред 20 тина минути во зградата влегоа специјалците на АРМ да извршат радио-биолошка контаминација бидејќи екипите на Град Скопје ја немале таа соодветна опрема.

Во Аеродром во моментов е мирно има полициски екипи а на терен е и градоначалникот Петре Шилегов.

Неофицијалните информации до кои дојде Фактор велат дека непријатна миризба се ширела од станот каде живееле две жени од кои еднаа била старица која имала околу 90 години а екипите пронашле просторија во еден од становите преполна со искористени мелни пелени.

Од пожарникарните служби велат дека во подрумот на таа зграда живеел и бездомник каде што се најдени десетици затворени шишиња полни со урина.

И Шилегов во кратката изјава посочи дека миризбата била детектирана во станот 11 каде е откриена просторија преполна со користини мелни пелени кои не биле фрлени и има зголемена количина на амонијак. Тоа сепак не е штетно по здравјето на луѓето, но по увидот кој ќе го извршат специјалците ќе се пристапи со дезинфекција на целата зграда.



ФОТО: Фактор

Слично

Поврзани вести