(ВИДЕО) Момче го навреди, Фрчковски му удри шлаканица
Во дел од медиумите се појави видео на кое се гледа како две млади момчиња, му приоѓаат на професорот Љубомир Фрчковски и го навредуваат, по што тој им враќа и удри шлаканица на едно од момчињата.
На снимката се гледа дека додека двете момчиња му приоѓаат на Фрчковски, трето снима со мобилен телефон. Освен навреди, се слушнаа и пцовки.
Нападот на Фрчкоски го има во билтенот на Министерството за внатрешни работи.
Таму е наведено дека вчера попладне непознато лице физички го нападнало професорот Љ.Ф. (60).
Полицијата соопшти дека работи на целосно расчистување на случајот.
Деновиве имаше случај каде младо момче го навредувало новинарот Борјан Јовановски и го исплукало, а претходно на протест на „За заедничка Македонија“ беше нападната екипа на А1он.
