(ВИДЕО) Французите и нашите пожарникари направија контра пожар кај Демир Капија
Французите почнаа да помагаат во справувањето со пожарите во земјава. Францускиот тим заедно со македонските сили создадоа контра-пожар како одбранбена линија над селото Барово, во околината на Демир Капија.
Тие со контролиран пожар направиле заштитен изгорен појас преку кој пожарот, доколку дојде до селото, нема да може да се рашири. На терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, како и градоначалникот на општина Демир Капија, Лазар Петров.
Претходно, во гаснењето на пожарите помогнаа Србите, Бугарите, Словенците, Австријците, Романците, но и Црна Гора испрати хеликоптер.
Слично
