Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Владата ја тргна оградата од 700 илјади евра, Твитерџиите прашуваат во чија вила ќе заврши?

(ВИДЕО-ФОТО) Владата ја тргна оградата од 700 илјади евра, Твитерџиите прашуваат во чија вила ќе заврши?

Во 2015 година додека на власт беше Никола Груевски Владата беше заградена со ограда или така наречено барокно-неокласично здание за кое се потрошија 700 илјади евра а Заев во изброната програма кога се броеше за функцијата премиер најави дека тој простор ќе го ослободи .

Денеска официјално оградата од ковано железо се тргна. Остануваат да висат само столбовите .


На твитер профилот од Владата поставија и видео под кое напишаа:

„Владата е на граѓаните. Отворена и достапна. Го ослободуваме јавниот простор околу, ја правиме уште повеќе отворена и достапна“...


Под овој пост пак се наредија коментари на твитерџиите кои ги прашуваат надлежните во чија вила ќе заврши оваа ограда.


Владиниот портпарол пред неколку дена не сакаше да ја открие сумата која ќе се потроши за да се отстрани оградата но рече дека нема да се трошат државни пари ниту ќе се распишува тендер туку ќе се ангажираат постоечките служби 

Железната ограда како што кажа Бошњаковски ќе биде ставена во депо. 


„Бетонските столбови во овој момент, поради тоа што нивното отстранување чини премногу и имајќи предвид дека се закопани метро и триесет сантиметри под земја, ќе останат бидејќи владата нема намера да троши дополнителни пари за да се исправат грешките на минатата влада“, посочи портпаролот.


Слично

Поврзани вести