(ВИДЕО-ФОТО) Скоцкани тимот на „Медена земја“ и Атиџе се фотнаа на црвениот тепих
И официјално тимот на „Медена земја“ прошета по црвениот тепих на една од најдолгите церемонии кои се случуваат во Лос Анџелес, доделувањето на Оскарите.
Оваа година тоа се случува по 92 пат а „медените“ се борат за две статуетки и тоа во две категории „Најдобар документарец“ и „Најдобар странски филм“.

Социјалните мрежи буквално вријат од коментари и реакции за стајлингот, однесувањето и севкупниот впечаток од тимот кој ја однесе Македонија на врвот.
Ќе се радуваме ако се вратат дома барем со една статуетка, иако и ги заслужуваат двете.
Was not expecting a HONEYLAND glow-up today pic.twitter.com/tx3pRqCK7G
— Kyle Buchanan (@kylebuchanan) February 9, 2020
Во живо може да го гледате доделувањето на Оскарите 2020 во видеото подолу, а фотографирањето на тимот од „Медена земја“ е на 54 минута.
