Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДА: „Трето дете без воздух не расте“

(ВИДЕО-ФОТО) ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДА: „Трето дете без воздух не расте“

Во моментов пред Владата се одржува протест против енормното загадување на воздухот во главниот град.

ne se dise2

Голем број на граѓани со различни транспаренти во раце и маски на лицата алармираат дека повеќе не се дише.

„Не угушивте бре ало“,  „Трето дете без воздух не расте“, „Филтри наместо финти“, се дел од транспарентите кои ги носат граѓаните.

Протест пред Влада! #НеСеДише! Posted by Vlatko Vasilj on понеделник, 28 декември 2015

Организатори на протестот се неколку граѓански здруженија кои предлагаат неколку мерки кои сметаат дека ќе придонесат за намалување на енормното загадување.

ne se dise3

Владата пред неколку дена донесе препораки до сите работодавци да ги ослободат од работа старите лица и бремените жени, им препоача на граѓаните да го користат јавниот превоз наместо сопственото возило, но сепак останаа глуви на барањата да се распуштат порано учениците за зимскиот распуст.

ne se dise

Видео/Фото-Фејсбук

Слично

Поврзани вести