Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Бадникарските огнови синоќа чадеа во Скопје, ечеше песна и се пиеше греана ракија

(ВИДЕО-ФОТО) Бадникарските огнови синоќа чадеа во Скопје, ечеше песна и се пиеше греана ракија

Речиси да немаше скопско маало синоќа без запален бадникарски оган. И покрај бројните апели на надлежните да не се палат огнови кои дополнително ќе го загадат воздухот, граѓаните се собраа на дружба која со години наназад се негува.

Греаната ракија, песната и орото беа во фокусот на бадникарските огнови а МПЦ-ОА годинава за прв пат после толку години реши да не присуствува на Коледарските или Бадниковите огнови кои се палат на отворено и се сметаат за стара традиција особено во Скопје. 

„Секоја година се организираме и традиционално си палиме коледарски оган. На трпезата имаме греана ракија, сокче, посна храна, риба, лепче, гравче...Што се однеува до апелите да не се палат огнови бидејќи загадувале, ние сме против загадувањето секако но сметаме дека ова нема да го реши долгогодишниот проблем кој што се таложи години наназад“, веалт граѓаните од скопски Аеродром.


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов апелираше до граѓаните годинава да не палат огнови при прославата, додека пак сите скопски општини донесоа одлука да не доделуваат дрва за коледарски празнувања.


Мерните станици на воздухот покажуваа загадување над дозволеното ниво и  вчера вечерта. Најзагадено беше во скопско Лисиче, Карпош и Центар.


Но не беше загадено само во Скопје. На шкрги дишеа и Кумановци, Тетовчани, Битолчани ...

Што се однесува на бадникарскиот оган  верува дека тој го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем во која се родил Исус, оттука граѓаните велат дека поповите прават грешка што не доаѓаат на оваа традиција.

Слично

Поврзани вести