(ВИДЕО) Фатмир Битиќи ја нарече „сметководителка“ министерката за финансии
Тензична расправа за ребалансот на Буџетот, Фатмир Битиќи од СДСМ со навреди кон министерката и заменик-министерот за финансии. На продолжението на расправата за предлог – ребалансот на буџетот, на моменти беше и тензична.
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, со иронични коментари и навреди кон министерката и заменикот – министер за финансии.
-Бездната во која што пропаѓате е многу длабока. Имате уште да одите надоле и во тоа ве смести сметководителката и професорот, рече Битиќи.
ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осуди, како што наведува, навредите што пратеникот Фатмир Битиќи ги упатил кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска за време на собраниската расправа.
Во соопштението се наведува дека „нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек“.
Слично
