Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео Фактор24: Политичарите се лоши глумци и богати бизнисмени, народот на крај ги плаќа сметките

Видео Фактор24: Политичарите се лоши глумци и богати бизнисмени, народот на крај ги плаќа сметките

Во Фактор24 минути со актерот Драган Спасов Дац, што се случи по неговите бесни реакции кога полицијата дојде да го апси неговиот син учесник во Шарената револуција. На кого од македонските политичари тој би му дал Оскар за најдобра глума. 

Во најновото издание на Фактор24 начната темата за политичката бизнис елита во земјава и нејзината способност да носи правилни и корисни одлуки пред се за државата и граѓаните. 

Кога една партија како со чадор штити одредени бизнисмени во клучни сектори се создава нелојална конкуренција, а потоа се остава пустош смета Кочо Анѓушев од Македонската енергетска асоцијација. Во период на екстремно ниски температури неопходен е увоз на струја за да се задоволат потребите на потрошувачите. 

Дали ЕЛЕМ води паметна политика со капацитетите кои ги има на располагање или пак, токму на овој начин се отвара можност одредени приватни фирми да остварат екстра профит набавувајќи и препродавајќи струја на отворениот пазар. Дали наместо да се вложува во енергетски капацитет ЕЛЕМ треба да троши пари за забавни паркови и туристички локации. Што вели генералниот директор Христијан Мицковски на овие прашања еден ден пред СЈО да ја започне истрата „Тарифа“. 

Соња Ристеска од организацијата „Аналитика“ открива клучни детали од истражувањето на енергетиката во Македонија, граѓаните се сепак енергетски сиромашни, нема доволно мерки за справување со оваа состојба.

Погледнете ја и новата ТВ колумна Факторизација на Христијан Станоевиќ, овој пат за се пократкото време кое Груевски и Ахмети го имаат на располагање за формирање на новата Влада, дали само ја тестираат јавноста или можно е мандатот да заврши во рацете на Заев.

Емисијата Фактор24 е проект на порталот Фактор во соработка со телевизија 24 Вести каде може да ја гледате секоја среда од 22:30 часот со Горазд Чомовски. 

Слично

Поврзани вести