Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео Фактор24: Флертување со Вашингтон и Брисел шурување со Москва

Видео Фактор24: Флертување со Вашингтон и Брисел шурување со Москва

Се користат ли политичките случувања во Македонија  како арена за пресметка меѓу Западот и Русија. Лидерот и екс премиер Никола Груевски отвори широк фронт против  американскиот амбасадор Џес Бејли и уште неколкумина странски  дипломати. Европа не е баш најсреќна поради рускиот рулет кој го игра Груевски намигнувајќи кон Москва , а надевајќи се дека ќе ги заплаши Вашингтон и Брисел. Дали и кој во Македонија  шири антизападно расположение?  Дали  Никола Груевски во Русија гледа сојузник?

Ова се само дел од прашањата и дилемите кои ги  анализираме во вечерашното издание  на Фактор 24,  во кое  соговорници  се универзитетските професори  Жидас Даскаловски,  Мерсел Биљали, Никола Србов од  Здружението „Стоп операција Сорос“,  новинарите и одлични познавчи на руската политика Борис Камчев и Мирче Адамчевски  . 

И по три месеци откако Југохром стави клуч на врата неизвесна е судбината на тетовскиот комбинат. 700 рабoтници  во исчекување дали Југохром ќе биде рестартиран или тие ќе одат под Завод?

Во Фактор 24 ќе гледате и интервју со  младата, згодна, елегантна,  атрактивна манекенка и фотомодел Сандра Цветкова .  


Политичко-економскиот мгазин е телевизиски проект на веб порталот Фактор кој се емитува на ТВ24.  

Гледајте Фактор 24 секоја среда во 22.30ч а секој ден читајте ги најновите информации, анализи, интервјуа и колумни на веб порталот Фактор.

Слично

Поврзани вести