Видео Фактор24: Дали Мицкоски ќе биде нов премиер, ако Груевски не успее?
Во најновото издание на ТВ магазинот Фактор24 гостува Христијан Мицкоски, директорот на ЕЛЕМ, кој периодов освен што е актуелен со набавката на струја и стабилноста на енергетскиот систем во денови на екстремно ниски температури, исто така кружи и во различни кулоари дека можеби ќе биде замена за Груевски на премиерското место ако досегашниот „шеф“ не успее повторно да ја наметне својата власт.
Фактор: Доколку ви биде понудено би прифатиле ли да бидете премиер на новата влада?
Мицкоски: Не би сакал да зборувам хипотетички, јас сум сепак човек од пракса. Така да би сакал да зборувам за конкретни работи, и да ја работиме онаа работа што најдобро ја знаеме.
Целосното гостување на Христијан Мицкоски во емисијата Фактор24 и неговите одговори на прашања од областа на енергетиката и политиката ќе може да ги добиете вечерва од 22:30 часот. Фактор24 се емитува на телевизија 24 вести секоја среда, во подготовка на тимот на веб порталот Фактор со водителот Горазд Чомовски.
