Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Фактор магазин - Дали промената на имињата на автопатот и аеродромот ќе го отвори патот кон ЕУ и НАТО?

(ВИДЕО) Фактор магазин - Дали промената на имињата на автопатот и аеродромот ќе го отвори патот кон ЕУ и НАТО?

Премиерите Заев и Ципрас ги исцртаа црвените линии. Грција бара името да биде за севкупна употреба, за македонската страна решението не смее да задира во идентитетот. Дали премиерите се подготвени да направат голем исчекор што би можело да значи губење на власта? Кое би било прифатливо име Нова Република Македонија, Вардарска Република Македонија, Горна Република Македонија...

Национален конзенсус - ЗА и ПРОТИВ референдум за името.
Фактор магазин со проф. Жидас Даскаловски, Марко Трошановски од Институт за демократија , Љупчо Петковски Еуротинк и Кристијан Фидановски политиколог.
Македонско-грчки јазол наспроти хрватско-словенечки морски спор. Може ли да се направи паралела помеѓу овие два билатерални спорови? Интервју со хрватскиот проф. Синиша Таталовиќ советник на двајца поранешни претседатели Јосифовиќ и Месиќ.

Погледнете ја целата емисија на Фактор магазин, во видеото подолу.


Слично

Поврзани вести