(ВИДЕО) Фактор 24: Што ќе направи Сугаревски за да не биде Миле Јанакиески?
Во Фактор 24 интервју со новиот министер за транспорт и врски. Што ќе направи Горан Сугаревски за да не биде Миле Јанакиески, министерот што договараше провизи, го уриваше Космос, нарачуваше лични карти? Ќе се уриваат ли објектите од "Скопје 2014"?
Следуваат промени во БЈБ и ДБК. За реформите во безбедносните служби разговор со проф. Авзим Кебир и Магдалена Лембовска од Аналитика.
Започнаа кадровските промени . Колку функционери и директори во централната власт може да бидат сменети и што ќе донесе генералниот реизбор на судии ? На овие и други прашања и дилеми одговори побаравме од проф. Драган Гоцевски и Марта Томовска Арсовска, екс министер за информатичко општество и администрација.
Гледајте Фактор 24 вечерва во 19.15 и 23.30 часот на Телевизија24.
Фактор24 е економско-политички магазин во изработка на порталот Фактор.мк .
