ВИДЕО: ЕВЕ ПО КОИ УЛИЦИ ЌЕ СООБРАЌА БРТ - Од Лисиче до Влае
БРТ линијата Исток–Запад ќе се движи од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, поврзувајќи ги клучните сообраќајни артерии на Скопје. Трасата започнува од Ново Лисиче, продолжува преку булеварите „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски Питу“, поминува на Железничката станица, а потоа низ „Кочо Рацин“ и „11 Октомври“ влегува во централното градско подрачје.
Понатаму, линијата се движи по „Димитрие Чуповски“, низ пешачката зона кај Рекорд, продолжува по „Даме Груев“ и булеварот „Партизански одреди“, минува преку мостот „Обединети нации“, низ Влае и завршува во Ѓорче Петров.
Со оваа линија ќе се поврзат источниот и западниот дел од градот, со брз и ефикасен јавен превоз низ најфреквентните градски зони.
Слично
