(ВИДЕО) ЕВЕ КОЈ ГО ОСТАВИ ПРАЗНИОТ КУФЕР НА ПЛОШТАДОТ „ВМРО“: Оставен е пред седиштето на ЈП „Државни патишта“
Вчера на плоштадот „ВМРО“, каде што е и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, беше оставен празен куфер заради кој тој дел беше евакуиран.
На видеото се гледаат двајца странски државјани како го оставаат куферот и заминуваат.
Според МВР, швајцарскиот државјанин Рафаел С. (роден 1987) и женското лице Вивиан С.Х. (родена 1985), влезени во Македонија на 1-ви октомври со летови од Цирих, се идентификувани како лицата од видеонадзорот.
Од МВР соопштија дека куферот бил оставен пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“.
По пријавата се преземени сите потребни мерки, а проверките покажале дека куферот бил празен.
Слично
