Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еве кои пратеници ги отворија вратите на насилниците

(ВИДЕО) Еве кои пратеници ги отворија вратите на насилниците

Пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски од ВМРО-ДПМНЕ ги отворија вратите од Собранието во четвротокот со што дозволиле на демонстрантите да влезат внатре, објави Алсат-М.

На видеото кое го објави Алсат-М се гледа како вратите се отвораат, демонстрантите почнуваат да влегуваат, а потоа се гледа пратеникот Василевски како се оддалечува од вратата, каде што веројатно бил претходно и со мавтање ги повикува демонстрантите да влезат.

На снимката може да се види и пратеникот Јохан Тарчуловски, за кого Алсат-М објави дека давал насоки на група демонстранти каде може да ги најдат пратениците од парламентарното мнозинство.


Слично

Поврзани вести