Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еве каква попава ја снајде Битола од попладневниот дожд, Левица обвинува за негрижа

(ВИДЕО) Еве каква попава ја снајде Битола од попладневниот дожд, Левица обвинува за негрижа

Општинскиот огранок на партијата левица од Битола споделија објава, од која се гледа како изгледа градот по поројниот дожд кој попладнево го зафатија нивниот град, а всушност и целата држава.

Тие за ова вината ја гледаат во, како што велат, негрижата на локалните власти за канализацијата на градот.

„Денес бевме сведоци за негрижата на ЈП Нискоградба за канализацијата и целосниот хаос после дождовите кои ја зафатија Битолската околина. Иако нашата градоначалничка се пофали со шаховски маси, нејзините проекти денес извираа од шахтите кои ги преплавуваа улиците со фекалии“, пишуваат во својот пост од Левица Битола.

На профилот на Црвена Битола тие објавија и видео од кое може да се види како градот е буквално поплавен, а возилата се движат отежнато.

Погледенете го видеото:


Од Левица велат дека „додека мајката на градот се фали со популистички проекти, вистинските проекти за вистинските проблеми не се тема на оваа власт. Нејзините зборови се одлика на партијата во која членува, манипулира со народот и измислува лажни проекти.

Партизанска, Раскрсницата кај Тријангл, Солунска, Васко Карангелески и уште многу улици беа преплавени. Покрај тешкотиите да се движиш низ тие улици, беше нанесена штета на неколку домови, локали, продавници. Кој ќе одговара за нанесената штета и кој ќе ја покрие истата?

Денес низ градот во неколку населби нема вода поради пукнати цевки и дефекти од поплавата. Дожд од половина час ја поплави Битола.

Ова е ЦРВЕНАТА ГРАНИЦА преку која не смее да поминеме, време е за темелно реконструирање на градот!

ДОСТА Е, ПРОМЕНА НЕ ЗАМЕНА!“, пишуваат од Левица на Фејсбук профилот на Црвена Битола.

Слично

Поврзани вести