Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еве како разбојници ограбија златарница во Прилеп

(ВИДЕО) Еве како разбојници ограбија златарница во Прилеп

Во златара во старата чаршија во Прилеп утрово е извршено разбојништво од три засега непознати лица. Во 8.40 часот сопственичката влегла во дуќанот и зад себе ја заклучила влезната врата, по што започнала да го вади накитот од сефот.

Две лица во тој момент го скршиле стаклото од излогот и вооружени со пиштоли влегле внатре, барајќи од сопственичката да им го даде накитот и парите. За тоа време трето лице било надвор пред дуќанот и вооружен ги бркал случајните минувачи. Откако ги зеле парите и накитот, разбојниците се упатиле кон патничко моторно возило со гостиварски регистарски ознаки и побегнале од местото на настанот.

Надлежен јавен обвинител заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи изврши увид на лице место.  Издадени се наредби за прибирање траги и докази од лице место, за обезбедување на видео запис од видео надзорот. Дејствијата на Основното јавно обвинителство Прилеп се одвиваат во континуитет за расчистување на кривично правниот настан.​

Видео од разбојништвото објави новинарката Каролина Дурло на својот Фејсбук профил. 


Слично

Поврзани вести