(ВИДЕО) Еве како провокатор му се обрати на Мицкоски
Се појави видео од човекот кој го навредуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Благоевград во Бугарија.
За малку е избегнат инцидент во Благоевград на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“. Кога македонската делегација на чело со Мицкоски се упатуваше кон споменикот на револуционерот Гоце Делчев, еден од бугарските граѓани почна да му се заканува и го нарече Мицкоски „предавник на Бугарија“.
На тоа Мицкоски смирено му одговори: „Не ми мафтај со раката“ по што присутните почнаа да скандираат „Македонија“, Македонија“
Европратеникот Ангел Џамбаски денеска во Благоевград ги обвини Македонците од Бугарија дека се сепаратисти.
Слично
