(ВИДЕО) ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ДОМОТ НА ГРАДЕЖНИЦИТЕ - Шилегов се пофали на фејсбук
При крај е зелениот покрив на Домот на Градежниците. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави видео од уредувањето на покривот.
„Новото урбано место во нашиот град. Зелен кров на Дом на градежници !!!
Loading ... Скопје, една поинаква приказна ...“, напиша Шилегов на својот фејсбук профил, а објави и видео.
Како што е познато, во декември лани Град Скопје со поддршка на УНДП почна со изградба на зелен покрив на зградата на Дом на градежници во Скопје.
Ова е втор зелен покрив кој се прави во центарот на главниот град, по оној на Градскиот трговски центар. Целта на проектот е заштита на животната средина, создавање на подобро место на живеење и подобар квалитет на живот.
Оваа инвестиција чини вкупно 18,5 милиони денари.
Слично
