(ВИДЕО) ЕВЕ КАКО ДОЈДЕ ДО ИНЦИДЕНТ: Член на обезбедувањето на Мицкоски нападна полицаец
Се појавија снимки од камери од познат скопски локал, кои ги објави „360 степени“, кои покажуваат што се случувало на вечерта меѓу саботата и неделата по полноќ кога Ивица Б., член на обезбедувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нападна колега полицаец кој бил на служба таа вечер. Двете партии деновиве се обвинуваа за настанот. Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски го осуди насилството и рече дека професионално ќе го расчистат настанот. Тошковски кажа дека не се точни наводите дека И.Б. спречил акција на полицискиот тим од Единицата за недозволена трговија, туку дека проверките од полицајците веќе биле завршени.
фото принтскрин 360 степени
Слично
