Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО СКОПЈЕ: Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед пристигнаа во Скопје

(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО СКОПЈЕ: Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед пристигнаа во Скопје

Екипите на фудбалските клубови Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед денеска пристигнаа во Скопје, а утревечер ќе го одиграат мечот од УЕФА Супер купот.


Тренерот на Реал, Зинедин Зидан доаѓа во полн состав, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо, кој започна со тренинзи пред само два дена. 

Хотелите каде ќе престојуваат  ќе бидат под силно полициски обезбедување. Тимот на Манчестер Јунајтед ќе престојува во хотелот „ТЦЦ Плаза“, а фудбалерите на Реал Мадрид во „Александар палас“.

Во попладневните часови и двата тима ќе имаат можност да се запознаат со теренот на Националната арена „Филип Втори“. Најнапред Жозе Мурињо и Манчестер Јунајтед од 16:45 часот ќе имаат средба со медиумите, а потоа од  17:30 часот ќе го одржат својот тренинг.

Зинедин Зидан, најверојатно со капитенот Серхио Рамос, ќе одржи прес во 18:45 часот, а потоа и на тренингот закажан за 19.30 часот.

Мечот Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед ќе се игра утревечер од 20:45 часот.

Слично

Поврзани вести